ПРОИЗВОДСТВО НА СТОЧНА ХРАНА

     Во рамките на производствените дејности на фарма “Агрипро„ е производство на сточна храна во сопствен погон. Изграден од страна на изведувач од Република Грција е сместен во непосредна близина на градот Валандово. Вкупниот производствен капацитет е
6 000 000 кгр.на сточна храна од секаков вид.
     Широката лепеза на производи ги опфаќа следните видови на концентрати :

  • концентрати за кокошки од еднодневни пилиња па се до крај на носивост
  • концентрати за телиња - starter,tov
  • концентрати за крави со млечност до 12.5 л ; 15 л и 18 л што значи ниска, средна и висока млечност соодветно
  • концентрати за јагниња - starter и tov
  • концентрати за свињи - starter, grover, finisher
  • концентрати зa крмни свињи
  • концентрати за сите видови преживари

     Производството се изведува на полуавтоматски метод и притоа се користат, во поголем дел, репроматеријали од Грција. Се работи на база на растителни материи без примеси на животински материи.
     Од тука произведениот концентрат се транспортира со специјално возила за таа примена.

кликни за поголема слика

 

лична карта : конзумни јајца : производство на јарки : сточна храна : контакти : инфо