ПРОИЗВОДСТВО НА ЈАРКИ

Во објектите во село Јосифово, на самиот регионален пат Удово-Валандово, се одгледуваат јарки како почетна станица во живинарското производство. Со самото пристигнување на еднодневните пилиња од Грција, под висок стручен надзор започнува 16 неделна грижа за нив.

кликни за поголема слика

Следејќи ги програмите и најновите достигнувања, високите норми на заштита, хигиена, се постигнуваат и доста високи резултати, во однос на производство на јарки.

Самиот процес на одгледување на јарки значидека уште од почетокот се прифаќа одговорноста за понатамошниот развој на живината. Од друга страна значи дека се намалуваат вкупните трошоци на производство што исто така е битен услов. А кога тоа ќе се комбинира заедно со бесценетата чистина на природата, успехот и резултатите доаѓаат сами.

 

лична карта : конзумни јајца : производство на јарки : сточна храна : контакти : инфо