 |
|
ЛИЧНА
КАРТА
Фармата
"АГРИПРО" постои од 01 03 1997 година од кога
ја обавува и својата примарна дејност - производство на конзумни јајца.
Во 2000 година од страна на грчки изведувач изграден е погон за производство
на сточна храна со што, заедно со производството на јарки, се заокружува
процесот на живинарско производство.
Фармата
"АГРИПРО" се наоѓа на крајниот јужен дел на Република
Македонија - градот Валандово. Чистата и здрава средина “полна„ со екологија
нуди прекрасни можности за развој на чисто живинарско производство.
Наша гордост, а и обврска е производство
со високи нормативи.
Бидејки самата локација ни го овозможува
тоа.
Самиот кружен циклус се изведува во објекти
на 3 местоположби:
|
објекти
за производство
на конзумни јајца - на 1.5 км оддалеченост од градот Валандово на
самиот регионален пат Валандово - Струмица |
 |
објекти
за производство
на јарки - на влезот во с. Јосифово на регионалниот пат Валандово-Удово |
 |
погон
за производство
на сточна храна - на 1 км оддалеченост
од градот Валандово
|
| Своето
производство Агрипро го заснова на високи стандарди и критериуми
бидејки самата околина е со номенклатура: Најеколошка долина во
Македонија, согласно со сите потреби кои ги налагаат еколошките
стандарди, а тоа е третман на производството без употреба на штетни
компоненти за човекот и неговата околина.
Ова
ни е мотив повеќе, за да постојано придонесуваме кон уште поголема
категоризација. Валандовската долина го заслужува тој респект.
Компанијата
"АГРИПРО" е во приватна сопственост на г-дин
Васил Зајков кој со своето долгогодишно искуство помага да се подигне
живинарското производство за уште еден степен.
Целокупниот
капацитет се задоволува со околу 60 - тина вработени, воглавно млади,
со што се подвлекува една нова линија во животот на младите во овој
крај.
|
 |
е
нашето мото. |
Оригиналот
има мерливост и место. Вие ги поставувате
границите, а наша должност е да ги достигнеме.
|