ПРОИЗВОДСТВО НА КОНЗУМНИ ЈАЈЦА

     Несилките за производство на конзумни јајца се сместени во објекти во близина на градот Валандово. Со вкупен капацитет од 120.000 несилки Фармата “Агрипро„ е помеѓу поголемите во овој крај на Република Македонија.
     Во објектите е монтирана опрема која раководниот тим има за цел да ја замени со уште подобра и пософистицирана.
     Најчесто се застапени хибридите ISA BROWN и HY LINE кои доста добро се прифатени на македонскиот пазар.

кликни запоголема слика


     Исто така има изградено објект за сортирање на јајца, каде се сортираат по тежина и како такви се пакуваат во специјална амбалажа во подлошки од по 30 јајца и подлошки со специјален дизајн за 6 и 12 јајца, кои можете да ги најдете ширум целата трговска мрежа во Македонија.
     За своите потреби како и за брзо и ефикасно задоволување на побарувањата на граѓаните Фармата “Агрипро„ има своја дисконтна продажба во Скопје, како и свои продавници во поголемите градови во Македонија.

 

лична карта : конзумни јајца : производство на јарки : сточна храна : контакти : инфо